Добивај вести на Viber
Австриската филијала на Дојче Телеком, Т-Мобиле Австрија може да ги намали инвестициите, па дури и се повлече од земјата ако не и биде дозволено рамноправно да се натпреварува со своите конкуренти за добивање на фреквенциите од четвртата генерација на „LTE“ мрежи, вели извршниот директор Андреас Биервирт.
Т-Мобиле Австрија е вториот по големина провајдер на мобилна телефонија во Австрија, веднаш зад Телеком Австрија. Двата помали ривали, „France Telecomov Orange“ и „H3G Hutchisonov“, сакаа да се спојат, за што чекаат дозвола од регулаторите.
Биервирт за медиумите тврди дека е загрижен дека „H3G“ ќе ја добие дозволата за фреквенцијата за „LTE“ и во исто време регулаторите ќе го одобрат предложеното спојување.
Во овој случај, „H3G“ и „А1.“ во сопственост на Телеком Австрија, две години би имале предност за располагање со фрекфенциите кои на Ајфонот на Епл му овозможуваат користење на „LTE “мрежи, тврди Биервирт, а според него ова ќе случај на огромно ограничување на конкуренцијата.
На прашањето дали тоа значи дека Т-Мобиле може да ја напушти Австрија, тој одговара дека и таа можност не е исклучена.