23 Април, 2024
0.0267

Таблите со името на „Александар Велики” одат кон историјата, на нивно место ќе никнат патокази со новото име на аеродромот

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Започна симнувањето на таблите и патоказите на кои пишува аеродром “Александар Велики”. Такви патокази што од денеска треба да се тргнат, а насочуваат кон скопското авиопристаниште има шест, како и 19 табли долж автопатот од граничните премини Табановце на север до Богородица на југ кој сега ќе се вика “Пријателство”.

Од Јавнто претпријатие за државни патишта соопштуваат дека нарачани се нови 19 сообраќајни табли со новото име, а набавката чини 4.940.000 денари.

Ознаките на новите табли ќе бидат испишани на македонски и англиски јазик, освен таблите на граничните премини Табановце и Богородица кои ќе бидат тројазични, односно плус и на француски јазик.

„За да не правиме дополнителни трошоци ќе ја искористиме постојната конструкција на таблите кои ќе бидат извадени и на нив да се монтираат новите кои што ќе го означуваат автопатот “Пријателство” и аеродромот “Скопје” . Со монтирање на новите табли и патокази ќе почнеме за околу еден месец колку што ќе им биде потребно на “Македонија пат” да ги изработат во нивниот погон во Битола „– вели раководителот на Секторот за одржување и заштита при ЈП Државни патишта, Благоја Тевдовски.

На скопскиот аеродром и натаму стојат таблите над терминалната зграда на кои пишува “Александар Велики”. Не е сменет и официјалниот сајт на аеродромот. Секој кој сака да го види распоредот на полетувања и слетувања ќе добие информација за аеродром “Александар Велики” – Скопје. Нема промени и во бординг патничките билети и на нив натаму стои дека се издадени од шалтерите на “Александар Велики”

 „Кога ќе добиеме детални инструкции од Владата за извршување на одлуката, ќе постапиме согласно тие инструкции. Според инструкциите ќе тече и процедурата за промена на знакот со името на аеродромот, што е активност која ќе бара задоволување на соодветни технички процедури пред да се случи самиот чин на промена“ ,велат од скопскиот аеродром.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор