Тачи: ЕУ го понижува Косово
Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2017
Претставници на ЕУ го понижуваат Косово и работат за одложување на европската перспектива на земјата, и ја злоупотребуваат проевропската ориентација на косовските граѓани.
Ова го изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.
"Косово има потреба од брзо движење кон конкретна европска перспектива, а не од процес кој да трае 5, 10 или 20 години", рекол Тачи за телевизија "Клан Косова". Според него Косово "нема карта, со која да уценува" во рацете и нема можност да се врти кон Русија, Турција или Албанија.
"Доволно е Србија да каже нешто за Русија и вработените на ЕУ веднаш прифатат секоја нејзина идеја", рече Тачи и додаде дека во Брисел ќе направат се, само да не се споменува Москва. Тачи рече дека ставот на ЕУ дека либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани е обврзана со прифаќањето на договор за државната граница со Црна Гора, всушност е стапица за Косово, бидејќи е јасно дека во моментов не може да биде обезбедено мнозинство од дво-третинско мнизинство во парламентот на Приштина за да го ратификуваат.