ТАЈНИОТ ЖИВОТ НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Се што не сте знаеле за најмоќната жена во Европа
Објавено во: Свет 19 Јули, 2017
Германската канцеларка, Ангела Меркел својот приватен живот успешно го држи во тајност.
Дури ни министерот за финансии, Волфганг Шојбле не знае каде се наоѓа нејзиниот стан, пишуваат германските медиуми.
За Меркел која е фаворит за изборите во септември се пишува дека е жена која целиот свет ја следи и гледа, а таа успева да има нормален живот.
Викендите ги поминува во викендичка во Хоенвалд, на 20 км источно од Темплин.
Таа слуша класична музика и стои пред шпоретот, готви и чорба од компир.
Иако 12 години е канцелар, мисли дека за неа се знаат многу работи, но всушност не се знаат. Малкумина знаат дека Меркел е кратковида, но ретко носи очила, само кога се обраќа пред Нова година.
Таа не сака да телефонира, но сака да пишува СМС пораки.
За неа се вели дека неделно пишува по стотина кратки СМС пораки.
Првиот сопруг Улрих, студент по физика во 1974 година го запознала на пат кон Русија, а 33 години живее со сопругот Зауер.
Меркел обожава да јаде грчко ќофте во ресторан во Берлин.
Таа не прифаќа бонуси и луксуз и сака да плаќа од свој џеб.
Канцеларката важи за личност која е интелигентна, вредна и неподмитлива.