24 Април, 2024
0.0279

Тајниот живот на првата сопруга на Путин: Зошто Људмила мразеше да биде Прва руска дама-се разведе и фати 20 години помлад бизнисмен

Објавено во: Свет 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

За приватноста на рускиот претседател Владимир Путин се знае многу малку. Можеби единствениот човек за кого е познато уште помалку, е неговата поранешна сопруга Људмила. Двајцата беа во брак 30 години и имаат две ќерки. Се разведоа во 2013 година. 

Што всушност знаеме за животот на Људмила?

Пред да се „врзе“ со Путин, таа работела како стјуардеса. Се сретнала со идниот претседател во почетокот на 80-тите година на минатиот век во Ленинград, ги запознава заеднички познаник. Се венчале во 1983 година. Првата ќерка Марија е родена година подоцна, а втората - Катерина, во 1985 година .Девојките се чуваат надвор од светлата на рефлекторите и се смета дека живеат под лажни имиња.

Постепено Путин се издига од агент на КГБ до државен шеф. Според различни извори Људмила ја мрази својата улога на Прва дама. Не ги сакала официјалните приеми и да биде во центарот на вниманието. Затоа и се оддалечувала од обврските на својот сопруг.

Причината која двојката ја посочи за разводот беше дека речиси не поминуваат време заедно. „Владимир Владимирович е целосно посветен на работата. Децата ни пораснаа, а јас навистина не сакам публицитет“, изјавила самата Људмила.

Во 2016 година стана јасно дека таа се омажила повторно. Нејзин избраник е Артур Очертни - бизнисмен кој е 20 години помлад од неа.

Неодамна двојката си купи вила во јужниот дел на Франција за близу 7,5 милиони долари. Медиуми објавија дека во моментов имотот е во ремонт. Чудесната цена покрена прашања за финансиската состојба на поранешната госпоѓа Путин, која очигледно е доста добра.

Во меѓувреме за рускиот претседател се знае дека има врска со поранешната шампионка во гимнастика Алина Кабаева. Се разбира, оваа врска исто така не се истакнува во јавност. Кабаева има две деца, а гласините велат дека таткото е токму Путин.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина