24 Април, 2024
0.3537

Таки Фити: Стопанството најмногу ги чуствува политичките спреги

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Стопанството со огромен интензитет ги чувствува политичките спреги во своето работење, вели академик Таки Фити. Спред него политиката е длабока навлезена во сите пори на економијата, и сите политички субјекти вршат притисок врз бизнисот, нешто што не е случај во земји со висок степен на демократија.

 „ Кај нас постои висока инволвираност на сите влади без оглед на политичката провиниенција во бизнисот, во смисла на делење на фирмите на ваши и наши и затоа луѓето се плашат од избор. Директорите ги спонозираат изборите, па се плашат која партија ќе дојде на власт и често пати ги спонзорираат и едните и другите. Но, во земја со голема демократска традиција такви проблеми нема “ изјави академик Таки Фити.
Остануваат и веќе познатите критики за непродуктивните трошења на владата.

„Мене не ме плаши дефицит од 3,5 отсто. Нека биде и четири и пет, во кризна ситуација, но,проблемот е да биде во инфрастркутра, патишта железница , енергетика,гасификација, тоа е она што може силно да ги намали трошоците на работењето на фирмите и да ја подобри бизнис климата“, изјави Фити.

Како најпозитивна владина антикризна мерка ја оцени кредитната линија обезбедена преку Европската инвестициска банка што се пласираа во стопанството преку Македонската банка за поддршка на развојот. Според Фити, македонскиот банкарски сектор, во 2008 година ги почувствува првите негативни последици од кризата кои се однесуваа на стагнација на депозитите и инцидентно повлекување на депозитите во евра,бидејќи луѓето беа исплашени од кризата на еврозоната и еврото.
„Кризата се среди за еден месец и откако банките покажаа висока ликвидност и редовно ги враќаа депозитите граѓаните самите ги вратија парите повторно. Тоа зборува дека нашиот финансиски систем,поканкретно банкарскиот е добро капитализиран, високоликвиден, добро структуиран и дека нема посебни проблеми особено од аспект што немаме токсични банкарски производи кои беа една од главните причини за европската должничка криза“, рече Фити.

Во реалниот сектор, додаде, проблемите дојдоа преку надворешно трговската размена.

„Во 2008 година вкупниот македонски извоз беше 3,9 милијарди американски долари, а веќе следната 2009 година само 2,7 милијарди што е ефект од кризата со која се намалија нашите ножности за извоз особено во Грција,Германија и Италија. Вториот проблем беше лоша перцепција на регионот заради близината на Грција поради што се намалија приливите на капитал, порфолио инвестициите се повлекоа, а странски директни инвестиции имаше многу малку, изјави Фити

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата