ТАКСИ ЦЕНИ ШИРУМ СВЕТОТ: Во кој град ќе платите 1 евро за 10 км?
Објавено во: Свет 18 Јули, 2017
Сите сме имале ситуација во која сме платиле малку повеќе за такси. Сепак, треба да знаете дека цените на такси од земја до земја (драстично) се разликуваат, па така таксиметарот кој некаде откуцува астрономски износ воопшто не треба да ве чуди.
Како што се наведува во табелата покрај цените на такси во 80 градови ширум светот, Лондон е дефинитивно најскап, а во Каиро може да се возите речиси за „џабе“.
10 градови во кои таксито е најевитно (цени по километар)
Каиро - 10 центи
Бангкок - 15 центи
Москва - 23 центи
Мексико Сити - 23 центи
Џакарта - 26 центи
Бангалор - 26 центи
Мумбаи - 27 центи
Пекинг - 29 центи
Куала Лумпур - 32 центи
Букурешт - 36 центи
Taксиметар во Швајцарија подобро немојте ни да го гледате бидејќи од сумата во Женева и Цирих ќе ви се сврти во глава.
Погледнете ја сега листата градови каде таксито е најскапо.
Цирих - 4.47 €
Женева - 2,86 €
Токио - 2,5 €
Лондон - 2,4 €
Берлин - 2 €
Амстердам - 2 €
Келн - 2 €
Копенхаген - 1,9 €
Атнверпен- 1,94 €
Штутгарт - 1,94 €