Таксист со пакистански корени раскажува што се случило во Манчестер
Објавено во: Свет 25 Мај, 2017
Eдeн од спасувачите, кои помогнале на повредените од атентатот во Манчестер е таксистот Боб Азен.
На 22 мај попладне Боб ја завршил смената, и сакал да помине мирна вечер со своето семејство, но работите се одвивале на поинаков начин.
„Мојот телефон полуде. Ние сме група на таксисти каде сме над 200 возачи. Рекоа дека нешто се случува на арената. Дека се слушнал силен удар и луѓето бегаат од таму. Наскоро сфатив дека се случува нешто сериозно и дека треба да се организираме за да возиме луѓето во болниците, до нивните хотели и домови "- раскажува Азен.
Почнува со бесплатно возење малку пред полноќ и работи до 7 часот наутро, без да престане.
„Никој не зборуваше многу, но и никој не беше тивок. Емоциите им беа мешани, луѓето беа исплашени. Мислам дека и јас бев збунет, сакав да помагам на луѓето. До 5 часот не ја сфаќав ситуацијата, но потоа, кога сè стана тивко се прашав што се случува и бев исплашен. Моите родители доаѓаат од Пакистан кон крајот на 50-тите, јас сум роден во 1968 година, и се гордеам дека сум Британец“ - вели тој.
Додека возел не размислувал дали некој од луѓето кои ги превезува можеби е бомбаш.