29 Март, 2024
0.0544

Талат Џафери: Добро е што Владата дава сигнал за меѓународна истрага за Диво Насеље

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Според собранискиот спикер Талат Џафери, евентуалното формирање на анкетна комисија од пратениците, а по иницијатива на ДУИ ќе резултира единствено со утврдување на политичка одговорност доколку таа постои, но не и било каква промена на кривичната постапка.

– Фактот што Владата дава сигнали дека има подготвеност за организирање надзор или повторно меѓународно разгледување на прашањето е сигнал кој е важен да се случи во Македонија со цел да се расчистат сите дилеми и аспекти кои го засегаат случајот и ќе биде добро ако Владата оди до крај со ова прашање. Кога сме кај Собранието, надлежност на Собранието е ако одреден политички субјект има иницијатива за формирање анкетна комисија, јас како претседател сум должен да ја ставам во одредена постапка за донесување одлука, рече Џафери во интервју за 360 Степени.

Тој дополни дека Собранието ја процесира постапката до крај и ако парламентарното мнозинство донесе одлука за формирање такво тело, несомнено дека ова тело ќе има надлежности само за разгледување на евентуалната политичка одговорност за некој кој е носител на политичка власт или функција, во ниту еден случај Собранието нема истражувачки или судски надлежности за да суди за ова прашање дали е или не мериторно. Несомнено во моментот кога ќе има иницијатива за такво нешто, Собранието е подготвено да расправа по тоа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење