Талат Џафери: И ВМРО-ДПМНЕ се согласи Албанец да биде новиот спикер
Објавено во: Македонија 24 Март, 2017
На конститутивната седница што ќе се одржи во понеделник, се очекува да се избере новиот спикер. Талат Џафери од ДУИ, синоќа, за емисијата КЛИК ПЛУС на ТВ21 рече дека претседателот на Собранието ќе биде Албанец, откако претходно двете партии, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, се согласија со тоа.
Но, Фадиљ Зендели од Движење Беса вели дека преку претседателот се блокира процесот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
И универзитетскиот професор Ќашиф Бакиу рече дека СДСМ треба само да го поддржи албанскиот кандидат кој ќе раководи со Собранието.
Аналитичарот Рамадан Рамадани се сомнева дека ДУИ има договор со ВМРО-ДПМНЕ за одложување на процесот за формирање на Влада.
Сите учесници на дебатата се согласија дека претседателот Иванов е марионета на ВМРО-ДПМНЕ и дека не постапува според законите кои произлегуваат од Уставот на Македонија.