ТАСЕВ ВО КЛИК ПЛУС: Да се врати Љупчо Георгиевски како привремен лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2017
На тема „Внатрепартиска демократија или театар?“ синоќа во Клик Плус на ТВ 21 дебатираа Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, Никола Тасев од ВМРО-НП и Илија Илиовски, од Реформаторите.
Да се врати Љупчо Георгиевски како привремен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, предлага Тасев од ВМРО-НП.
Тој вели дека како докажан демократ, Георгиевски треба да се врати за 12 или 16 месеци.
Според него, една од најголемите грешки на ВМРО-ДПМНЕ е упадот во Собранието.
„Груевски и тие околу него нека си направаат нова партија“- вели Илиовски.
Додава дека партијата можат да ја остават на членството.
Кекеновски кажа дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка и дека не можат да соберат 2000 луѓе.