19 Април, 2024
0.0246

Татјана Стојановска: Празниците ме навраќаат во детството и го будат детето во мене

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Со неа се дружите на телевизискиот екран. Таа е едно од најубавите телевизиски лица. Ги краси вестите на Канал 5. Во моментов, ужива на прекрасното патување во Канада. За Женски Магазин, препознатливата Татјана Стојановска ни раскажува за празничните ритуали во нејзиниот дом.

Женски Магазин Ги сакате ли празниците? Уживате ли во атмосферата која празниците ја носат?

Татјана Крајот на годината е време кога заокружуваме еден циклус, период кога се вртиме наназад и ги сумираме резултатите и моментите кои сме ги имале во годината што изминува. Ги бришеме лошите моменти, а ги меморираме убавите. Барем јас така резимирам.

Новогодишните и Божикните празници ме навраќаат во детството и го будат детето во мене. Уживам да се движам по украсените улици, плоштади, продавници. Се радувам кога купувам украси и подароци и кога го украсувам домот. Се радувам кога им подарувам на дечињата од пријателите пакетчиња, тоа ми е традиција, и кога им ги гледам насмевките и радоста во нивните очиња што ме потсетува на мојата возбуда кога го правев тоа како дете.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре