ТАТКО ПОВРЕДИЛ СИН ВО ГОСТИВАР: Му барал пари за дрога
Објавено во: Македонија 24 Април, 2017
Причина за крвавата кавга се парите кои синот зависник ги побарал од таткото.
Ова го иритирало таткото кој го повредил синот во левата рака.
А.С. (1960) утрово се скарал околу пари со својот син, а во текот на караницата извадил пиштол и почнал да пука на Б.С. (1984).
Според МВР неколку оловни зрна го погодиле Б.С. во левата рака кој со амбулантно возило е префрлен во болницата во Гостивар.
После инцидентот полицијата го уапсила таткото и однела пиштолот.