Тече рокот, фирмите да исплатат к-15
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2016
Оние фирми кои уште не исплатиле регрес за годишен одмор, односно К-15 имаат уште два месеци рок за да ја исполнат законската обврска пред да бидат казнети.
Вкупната глоба е околу 4.000 евра. Мал дел од нив велат синдикатите, побарале намалување на износот и тоа се фирмите кои се соочуваат со финансиски проблеми.
Регресот за годишен одмор, според законот е утврден на висина од најмалку 40% од основицата. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Додатокот К-15 изнесува 8.500 денари.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Фирмите треба да побараат дозвола од работниците, односно нивни претставници доколку сакаат да исплатат понизок износ од утврдениот. За оваа опција мора да исполнуваат одредени услови, односно фирмата да има потешкотии во работењето.