Добивај вести на Viber
Изградбата на пазарниот центар во Загреб е доверена на компанијата Техника, една од водечките градежни фирми во Хрватска. Градежната бруто површина на објектот е над 12.000 метри квадратни, додека договорената вредност на работите е 6,6 милиони евра без ДДВ, соопшти компанијата со посредство на Загрепската берза. Почетокот на изградбата се планира веднаш по потпишување на договорот, додека крајот на изведбата се очекува во септември 2013 година.