19 Април, 2024
0.1445

Технометал Вардар со 5% помала добивка лани

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Технометал Вардар од Скопје 2012 година ја заврши вкупни приходи од продажба од 224,4 милиони денари или 3,65 милиони евра, што е на исто ниво како и претходната година, покажува финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонска берза. При тоа вкупните приходи од продажба на странски пазар лани изнесуваат 2,4 милиони евра, што е за 16% повеќе споредено со 2011 година, додека продажбата на домашен пазар е намалена за 21% на вкупно 1,25 милиони евра. Во исто време трговската компанија успеала да ги намали расходите лани за 12%, како резултат на помалите трошоци кај потрошените материјали, ситен инвентар и услуги, покажуваат податоците од неревидираниот биланс на успех. Оперативната добивка на Технометал Вардар лани изнесувала 342 илјади денари или нешто над 5.500 евра, за разлика од оперативна загуба од 504 илјади евра пресметана во 2011 година.  Нето-добивката е за 5% помала од 2011 година и изнесува 5.400 евра. Технометал Вардар АД Скопје е компанија чија основна дејност е увоз-извоз, големопродажба, како и малопродажба на широк асортиман на производи од железо и челик, електро и индустриски материјали, механизација и возила, хемиски, текстилни и прехрамбени производи. Исто така компанијата нуди и услуги од областа на шпедиција и складирање, осигурување, туризам и угостителство.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година