Текома: „Не“ за Мекдоналдс
Објавено во: Свет 01 Април, 2013
Во одбрана на градот тие користат ненасилни методи: улични протести, онлајн петиции, мобилизација преку социјални мрежи, а лани седиштето на Мекдоналдс во Австралија доживеа инвазија од џуџиња за во градини.
Бројни се причините зошто жителите на Текома не сакаат Мекдоналдс (таму го викаат Мака) да „влезе“ кај нив.
Едни стравуваат дека ресторанот би го пореметил мирот на градот, други се загрижени за децата, за зголемувањето на сметот, па и заради можен вандализам.
– Тоа не би било добра пример за нашите деца, вели една загрижена мајка.