20 Април, 2024
0.0261

ТЕКТОНСКИ ПРОМЕНИ ВО ВРВОТ НА СРПСКАТА ВЛАСТ: Вучиќ кандидат за претседател, Дачиќ иден премиер?

Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Teктонски промени во врвот на соседната држава, Томислав Николиќ политички отпишан, иден шеф на владата Дачиќ?

Со овој поднаслов и наслов „Вучиќ пресече, сака да биде претседател на Србија“, медиумите од регионто ја пренесоа веста од Белград дека Претседателството на СНС одлучило премиерот Александар Вучиќ да биде кандидат на таа партија за шеф на државата.

Веста е објавена во сите електронски медиуми во регионот, а кај многумина зазеде ударно место.

Имено, српскиот премиер Александар Вучиќ стана единствениот кандидат на Српската напредна партија (СНС) на претстојните претседателски избори во април. 

Ова го изјави министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ пред новинарите. „Вучиќ, едногласно„, рече министерот пред новинарите меѓу седницата на партијата, пренесоа српските медиуми. 

Претходно денеска в.д. претседател Томислав Николиќ објави пред новинарите дека се откажува од самостојно учество на претстојните избори за претседател оваа пролет. 

Николиќ објасни дека бидејќи Српската напредна партија (СНС) не ја става на маса неговата кандидатура, тој не сака да учествува како независен кандидат. 

Според Николиќ, на Вучиќ ќе му биде полесно да победи. Според резултатите од анкетата на јавното мислење, направено од агенцијата „Галуп“, ако кандидатурата на Николиќ беше покрената од СНС, за него би гласале 50,2% во првиот круг, а без партиска поддршка тој би собрал 37,2 отсто. 

Другите главни кандидати се водачот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ и поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ. Според аналитичарите, најголеми шанси има Вучиќ, кој би победил уште во првиот круг. Точниот датум на претседателските избори во април уште не е одреден. Претседателот на Србија се избира за еден 5-годишен мандат, на втор тој нема право.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест