25 Април, 2024
0.0347

ТЕЛЕВИЗИИ: Кој фалел и фаворизирал, а кој критикувал и анализирал?

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство, “десоросоизација“ и формирање на нова Влада се клучните теми за кои известувале телевизиите постизборно. Овие теми речиси се доминантни во сите медиуми, но начинот на информирање и анализирање се сосема различни.

Според мониторингот, за десет дена ТВ Сител објавила 121 прилог во врска со политичката криза и актулените состојби, а најголем дел од нив се однесувале на промовирање на проектите и мерките на Владата.  Телевизија Телма објавила 74 прилози поврзани со политичкиот живот а најголем дел од нив за преговорите за формирање Влада додека Телевизија 24 во известувачкиот период, на овие теми објавила 139 прилози во кои преку критички осврт, доминантна била темата за работата на јавните институции, преговорите за формирање Влада и работата на Специјалното јавно обвинителство. Еве како известувале телевизиите од 16 до 27 јануари, годинава :

Нова влада, преговори, партии – доминантни во известувањето …

Формирањето влада по одржаните парламентарни избори на 11 декември 2016, конституирањето на Собранието на 30 декември 2016 и доделувањето на мандатот за состав на нова влада на лиде- рот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 9 јануари 2017 се клучните теми за кои информирале медиумите во постизборието.

“Во вестите на МТВ 2, Алсат М и на Телма се емитуваа најмногу прилози на оваа тема, додека на 24 Вести и ТВ 21, следењето на работата на јавните институции беше приближно еднакво застапено со неа. Во вестите на Канал 5, Алфа и Сител темата за формирање нова влада беше еднакво или помалку застапена со промоцијата на проектите и мерките на сеуште актуелната влада и на општините.Без оглед на тоа што во мониторираниот период не беше избрана нова влада, а старата имаше мандат само технички да ја извршува функцијата, и без оглед на тоа што пред истекување е и мандатот на локалната самоуправа, овие три телевизии известуваа за проекти и мерки кои главно доаѓаа од партијата ВМРО-ДПМНЕ и претставувајќи ги како нешто што сигурно ќе се спроведе.” – се наведува во новиот извештај од Мониторингот на телевизиските вести.

Работата на  Специјалното јавно обвинителство е уште една тема која на различен начин беше третирана од телевизиите најмногу преку призмата на судското рочиште за случајот „Тврдина“ (во врска со уништување опрема за прислушување), откажувањето од предметот „Пуч“ (во кој лидерот на СДСМ Зоран Заев беше еден од обвинетите), новите истраги „Тарифа“ (во врска со набавка на софтвер во државната компанија ЕЛЕМ) и „Тенк“ (во врска со купувањето ново во-зило „Мерцедес“ за Владата).

“Оваа тема беше трета според застапеноста, со 179 прилози. Во врска со оваа тема повторно беше забележано т.н. блоковско известување. Телевизиите Алсат М, Телма, 24 Вести и ТВ 21 редовно известуваа за сите активности на обвинителството и ги пренесуваа партиските реакции од ВМРО- ДПМНЕ. Дополнително 24 Вести и Телма го отворија прашањето дали партијата по литички се пресметува со обвинителство-то, додека Алсат М и ТВ 21 ги анализираа пречките со кои СЈО се соочува за да ја извршува својата работа. Во известувањето за СЈО на телевизиите Сител, Алфа, Канал 5 и ТВ Нова доминираше пренесувањето на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со откажувањето од предметот „Пуч“, а Алфа и Сител објавуваа и свои аналитички при- лози со тврдења дека опозицискиот лидер Зоран Заев е виновен во случајот и не смеел да биде ослободен на тој начин“ – се наведува во извештајот.

Медиумите и “десоросизација“ …

И “деоросоизацијата“ го најде своето место на медиумското мени. Според дел од телевизиите – борба и пресметка со предавници, според други – обид за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.  

“На Алфа, Сител, Канал 5 и ТВ Нова, невладините организации и фондации беа меѓу најзастапените непартиски субекти, во рамките на покривањето на т.н. процес на десоросоизација што го најави ВМРО-ДПМНЕ, а кој опфаќа борба против граѓанските здруженија што се критички кон власта или кон состојбите во државата, а имаат странска или меѓународна финансиска поддршка.”- пишува во извештајот на Институт за комуникациски студии, МОДЕМ.

Тимот на Институтот констатира дека и во постизборниот период на сцена останува силната блоковска поделеност и поларизација во известувањето.

“Tелевизиите 24 Вести, Телма, Алсат М и ТВ 21 продолжија да ги следат политичките случувања од неутрална позиција и критички да ги опсервираат, со посебен акцент на работата на јавните институции, додека кај телевизиите Сител, Алфа, ТВ Нова и Канал 5 повторно доминираат ставовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и известувањата за проектите и за достигнувањата на нејзините функционери“ – се нотира во извештајот и се довава:

“Телевизиите 24 Вести и Алсат М, исполну вајќи ја својата функција на заштита на јавниот интерес, известуваа во голема мера за работата на државните и на локалните ин- ституции, следејќи ги низ критичка призма, во однос на тоа дали и како тие ги исполнуваат своите обврски кон граѓаните. Овие две телевизии објавија вкупно 66 прилози со критичка содржина за јавните институции

Исклучок, според анализата, е МТВ каде што и покрај престанокот на мандатот на уредникот назначен од опозицијата, во најголем дел продолжи непристрасното известување за главните политички и општествени случувања.

И во новиот извештај на МОДЕМ се нотира медиумската поларизација, која  останува видлива и препознатлива и во приодот по предвремените парламентарни избори. 

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот