Добивај вести на Viber
Германската медиумска индустрија ја чека одлична иднина. Според истражување на консултантска компанија „PricewaterhouseCoopers“ (PWC), кое го пренесува германскиот весник Ханделсблат, оваа индустрија ќе расте до 2016 година со 2,8% годишно.
„За следните пет години ние очекуваме силен раст на германскиот медиумски пазар, пред се главно од зголемувањето на продажбата на дигиталните медиуми", вели Вернер Балхаус, партнер и шеф на одделот за технологија, медиуми и телекомуникации во PWC. Според него, минатата година приходите во индустријата се зголемени за 2,6%.
Телевизиски компании како „Pro Sieben Sat“ 1 и РТЛ треба да се прилагодат на новите времиња. За првпат интернет рекламирањето во Германија го надминува телевизиското. Според истражувањето на PWC интернет е најсилниот генератор на приходи на пазарот на забава и медиуми со пазарен удел од 23%.
Телевизиската реклама веќе има удел на пазарот од само 20,8%. Само минатата година продажбата на онлајн рекламирање се зголемува со 12,3%.