Телохранител на Мијалков нападнал жена со тупаници
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2017
Телохранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, претепал женско лице пред очите на своите колеги полицајци, дознава ТВ 24.
Инцидентот се случил минатиот викенд пред полициската станица Карпош. Според очевидците, телохранителот на Мијалков ја нападнал жената со тупаници во главата. Еден од сведоците на настанот повикал итна медицинска помош.
МВР за ТВ 24 потврди дека личниот обезбедувач на Мијалков од редовите на МВР е суспендиран, други детали не соопштуваат додека не заврши целата истрага.