24 Април, 2024
0.0273

Тендер за изградба на аеродром на вода на Охридско Езеро

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт и врски објави барање за изразување на интерес за учество во меѓународен повик за изградба на нов аеродром на вода на Охридско Езеро. Како дел од мерките и активностите кои ги презема Владата на Република Македонија за подобрување на националниот сектор за воздухопловство, една од целите е да се олесни можноста за учество на приватниот сектор во финансирањето, развојот, оперирањето и одржувањето на нов аеродром на вода во Република Македонија. Предвидено е во рамките на целокупниот проект да биде вклучено финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром на вода на Охридско Езеро, соопшти министерството за транспорт и врски. Преку постапка за доделување на концесија или постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство,Владата ќе избере приватен партнер или концесионер од приватниот или јавниот сектор кој ќе биде одговорен за имплементација и реализирање на проектот преку јавно приватно партнерство или концесија. Изјавата за интерес со краток опис на активностите на компанијата и копии од оперативните и финансиските извештаи од последните 3 деловни години, заинтересираните субјекти треба да ја достават 10 декември 2012 година. Во објавеното меѓународно јавно барање е истакнато дека Охридско Езеро и Охрид се прогласени за светско наследство на UNECSO и претставуваат најпосетени туристички места во Република Македонија, а се потенцира и тоа дека со изградбата на аеродромот на вода ќе се овозможи подобра поврзаност на Охридското езеро и градот Охрид со останатите туристички дестинации на балканскиот полуостров. Барањето е објавено дневните домашните и меѓународни печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски. Аеродромите на вода претставуваат атрактивен и корисен начин за туристите да патуваат од едно туристичко место до друго и со овозможувањето на изградба на таков аеродром во Охрид се очекува дополнително зголемување на бројот на туристи.  

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција