25 Април, 2024
0.0429

ТЕНЗИЧНО ВО СЕДИШТЕТО НА ДУИ: Тројца потпретседатели го напуштија состанокот, Ахмети убедува за коалиција со Груевски

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Тензично е во Мала Речица, дознава Фактор од свои извори кои се наоѓаат пред седиштето на партијата на Али Ахмети.

Состанокот на кој се дискутира и одлучува за коалиција или не со екс партнерот Никола Груевски поминувал низ тензична атмосфера и со расправии.

Несогласувања околу ставот на лидерот на партијата Али Ахмети да прифати коалиција со ВМРО-ДПМНЕ најверојатно, но неофицијално е причината поради која тројцата потпретседатели Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити го напуштија состанокот кој уште трае во Мала Речица.

Фактор ги бараше потпретседателите на ДУИ кои ја напуштија седницата, меѓутоа Арифи, Бејта и Меџити не креваа на телефон.

Нашите извори исто така брифираат дека Ахмети најверојатно е ЗА коалиција со долгогодишниот партнер Груевски и дека се водат интензивни разговори со ВМРО-ДПМНЕ.

Двете партии „запнале“ кај две прашања а тоа се употребата на албански јазик на територијата на цела Македонија како и мандатот на СЈО.

Неофицијално наши извори велат дека на ДУИ им е понудено претседателско место во Собранието.

Претходно, во кратка изјава за медиумите кои нетрпеливо ја чекаат одлуката на раководството на ДУИ, портпаролот Бујар Османи изјави дека за нив е важна Платформата на Албанците и начинот како тој договор ќе се реализира и дека нема несогласувања за идните чекори.

Можеби ќе ве интересира

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско