Терористи малтретираат роднини на бегалци од Алепо
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016
Терористите во сирискиот град Алепо ги фаќаат и ги малтретира роднините на оние кои излегуваат од градот со хуманитарни коридори.
Тие ги користат цивилите како жив штит.
„Речиси сите бегалци ги оставиле роднините од другата страна. Зборуваат дека е вистински пекол. Терористите фатиле неколку роднини на оние кои успеале да избегаат. Сега сите се во затвор. Зборуваат дека ги мачат. Се плашиме“ - раскажува еден од жителите, кој излегол од источниот дел на Алепо.
Бегалците кои успеале да избегаат, молат нивните имиња да не бидат откриени, а лицата да не бидат прикажани во медиумите.
Возрасен маж со две деца до него вели дека ја оставил својата ќерка со сопругот во градот и се надева дека и тие ќе избегаат.