Терористи на ИД изгореа живи деветмина дезертери
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2016
Луѓе на „Исламска држава" изгореа живи 9 дезертери во ирачкиот град Мосул, соопшти телевизијата „Ас сумари".
Деветмината терористи сакале да побегнат стравувајќи од борбите со ирачката армија, која спроведува операција за ослободување на градот од ИД. Тие сепак се фатени од џихадистите. Потоа на дезертерите им се врзани рацете и нозете, биле фрлени во ровови полни со нафта, а потоа запалени.
Од 17 октомври тече операцијата во Мосул, но засега ирачката армија уште не е влезена во градот. Таа ослободува области околу него и го стеснува обрачот. Во моментов нејзиниот дел е на 8 километри од градот.