ТЕРОРИСТИ ВО ТРГОВСКИ ВО ИСТАНБУЛ: Kако заврши драмата?
Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2017
Спречен е обид за терористички напад во трговски центар во населбата Бахчелиевлер во европскиот дел на Истанбул.
Припадници на турските специјални полициски сили доцна попладенво упаднале во трговскиот центар и ги блокирале сите влезови.
Полицијата информира дека при акцијата се уапсени осум лица, кои се осомничени дека се подготвувале да извршат терористички напад.
Полициската акција во трговскиот центар траела околу еден час, по што продолжила во реонот на Бахчелиевлер.
Уапсените се следени од безбедносните служби, тврдат од полицијата.
Очевидци на настанот за турските медиуми изјавија дека полицајците го опколиле трговскиот центар и не дозволувале никој да го напушти, по што започнале се претрес низ објектот.