Tерористички напад во Чеченија: Има загинати и повредени
Објавено во: Свет 24 Март, 2017
Шест војници загинаа, а десет се повредени при терористичкиот напад на воена база во руската република Чеченија.
Се прави идентификација на терористите, додека армијата се обидува да ја деминира целата територија на воениот град.
Руската ФСБ претходно изјави дека силите на Руската национална гарда се распоредени во северниот дел на Кавказ, за да извршуваат контратерористички операции.