Тешка поморска несреќа во Хрватска, двајца загинати, се трага по петмина
Објавено во: Балкан 26 Април, 2017
Во Хрватска се случи тешка поморска несреќа откако гумен чамец со патници се судрил со службен брод Пристанишната капетанија Дубровник. Според првичните официјални податоци двајца патници се загинати, а најмалку петмина се водат како исчезнати при судирот.
Министерството за море, сообраќај и инфраструктура соопшти дека службениот брод на Капетанијата, „Данче“ вчера во 21:20 часот по локално време се судрил во Колочепскиот канал со гумениот чамец со непозната регистрациска ознака, во кој имало деветмина угостителски работници со хрватско државјанство.
Поморската несреќа се случила во моментот кога службениот брод бил анагажиран во акција за итен медицински транспорт кон островот Мљет, јави Хина.
Спасени се две лица со полесни телесни повреди, а пронајдени се двете тела на загинатите. Интензивно се трага по останатите пет лица.