24 Април, 2024
0.0306

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА БИЗНИСОТ: Инвестиции нема, едвај се преживува !

Објавено во: Економија 19 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Финансиските проблеми заедно со неизвесното економско опкружување се водечки фактори кои негативно влијаат на бизнисот. Сега, кога се ситни првото економско полугодие – во знак на политичка криза, оценките на бизнисмените за економската состојба на фирмите се влошени. Така, во март во споредба со април, оценката е понеповолна, додека генерално индикаторот на доверба се подобрил за 0,3% - покажува новото истражување на Заводот за статистика.  

Она што е значјано е кои фактори најмногу го ограничуваат бизнисот, особено сега кога фирмите се соочија со две ипол годишна политичка неизвесност. 

“Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.5%, недоволната домашна побарувачка со 19.7%, недостигот на квалификувана работна сила со 16.3% и неизвесното економско опкружување со 12.6%“ – се наведува во истражувањето на статистичарите. 

Фирмите се соочуваат со финансиски проблеми

Анализата покажува дека лани во март неизвесносто економско опкружвање како ограничувачки  фактор учетвувало со 7,9 % во март годинава со 12,6%. Влошен е и уделот на финансиските проблеми во во третиот месец од 2016 година учествувале со 8 отсто а годинава со 8,9 отсто. Дека фимите се соочуваат со ликвидносни проблеми и апстинираат од инвестиции покажаа и податоците од банкарскиот сектор.  

“Намалувањето на бруто инвестициите се потврдува и со намалениот раст на кредитите кон приватниот сектор. За прв пат по пет години, кредитирањето кон фирми се намалува . Од 7.1% кредитен раст во 2015 година, кредитирањето забележа паод 4% во 2016 година. Ова е индикатор дека склоноста на приватниот сектор да користи кредити за финансирање на инвестициските потфати се намалува,што е директна рефлексија на пролонгиранат а политичка криза која создава голема несигурност во приватниот сектор“ – оценија од Институтот за економски истражувања и политики “Financethink“. 

Оваа состојба ја потврдуваат и дел од банкарите за “Фактор“. 

“Во изминатиот период речиси нема побарувачка на инвестициски кредити од страна на фирмите. Компаниите бараат кредити – но за тековно работење, што е показател дека корпоративниот сектор на некој начин се воздржува од инвестициски проекти. Малку се чувствува притисок за намалување на каматите  за кредитите на фирмите, но засега нема услови за тоа“ – коментираат за “Фактор“ од една од водечките банкарски групации во земјава. 

Растот со лазаечко темпо - кој ќе ја движи економијата..

Освен финансиските проблеми и неизвесното економско опкружување, како фактори кои дополнително го ограничуваат бизнисот се и недоволната домашна и странска побарувачка. Влошување на оценките има кај странската побарувачка, но и кај конкурентниот увоз. 

Искористеноста на капацитетите на деловните субјекти изнесува 65,3%. Дел од стопанствениците оценија дека без скорешно решение на политичката криза, состојбата ќе се влошува, што веќе се одрази и врз проекциите за економски раст. 

“Прв индикатор претставува забавувањето на Бруто - домашниот производ од 3.9% во 2015 на 2.4% во 2016. Второ, бруто инвестициите забележуваат значителен пад. Трето, растот на кредитирањето стана негативен во последните четири тримесечја. Четврто, волуменот на индустриското производство во 2016 година се намали за 1.5% споредено со претходната година . Моментално, единствен придвижувач на економијата останува да биде градежништвото, главно индуцирано од градежните активности на државата, со забележан годишен раст од 18.5% во 2016 година“ – наведуваат од “Financethink“. 

Според дел од економистите, со оглед на политичката криза,  овие показатели се очекувани.  

“Очигледно е дека незвесноста веќе се прелеа и во оваа 2017 година. Владата проектираше раст што ќе се движи околу 3 отсто, но овие стапки не значат многу за нашата економија. Значајно е како да се обезедат одржливи стпаки на раст кои нема да се потпираат само на еден сектор. Ако зборуваме за моделот на странски инвестции, кој беше промовиран како носечки за економијата, тогаш клучно прашање е колку тие странски инвестиции создаваат нова вредност и какво е нивното влијание во реалната економија“ – изјави неодамна академи Абдулменаф Беџети. 

Според новите показатели, лани во апсолутна бројка, БДП спорде расходен метод по тековни цени изнесувал 9,8 милијарди евра или 4 768 евра по глава на жител што ја вбројува македонската економија во групата на сиромашни земји. 

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?