19 Април, 2024
0.0288

„Тешкиот“ имот на ВМРО ДПМНЕ останува одмрзнат

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

И втор пат Кривичен суд донесе иста одлука. Имотот на најбогатата партија во Европа и поранешна владеачка партија во Македонија ВМРО ДПМНЕ нема да биде замрзнат.

Од СЈО за дел од медиумите ја потврдиле оваа информација со образложување дека им пристигнало известување според кое барањето за случајот „Талир“ се одбива.

СЈО побара замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ за кое според нив во истрагата „Талир“ постојат сомнежи дека е стекнат преку нелегално финансирање.

„Постапувајќи по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на СЈО, на нејавeна седница одржана на 23.05.2017 година согласно чл.202 ст.3 од ЗКП донесоа решенија со кои се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека“, вака гласеше првата одлука на судиите од Кривичен суд.

Од каде доаѓа валканиот кеш на ВМРО-ДПМНЕ?

Според доказите на СЈО, Груевски создал криминална група со помош на која незаконски стекнати пари ги внесувала во партијата како донации од физички лица. На таков начин дури 5 милиони евра биле уплатени на жиро сметката на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа со нив бил купуван недвижен имот, пасишта, ниви или вкупно СЈО нашло докази за договори за 78 недвижен имот. Истрагата се однесува за незаконско финансирање на партијата во периодот од 2009 до крајот на 2015 година.

„Мотивите на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и во обезбедување на целосна контрола над политичката партија“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Помеѓу 14-те осомничени за случајот „Талир“, освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се наоѓаат и повеќе високи функционери од партијата од кои најголем број се членови на Извршниот комитет. 

Осомничен за овој случај е и Мартин Протоѓер, член на Извршниот комитет на партијата и поранешен генерален секретар. Осомничени се и Емил Димитриев и Кирил Божиновски, како генерални секретари на партијата. 

Потоа Илија Димовски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, како и Иво Котевски и Александар Бичиклиски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. 

Под истрага на СЈО се и уште тројца партиски функционери.

Наводните донации се слевале на жиро-сметката на партијата, а биле уплаќани преку домашни банки. Тимот на СЈО набавил 11.866 такви уплатници напишани со ист ракопис, од фиктивните донатори, уплаќани во исти банкарски експозитури низ државата во временски распон од само 30 секунди.

Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон. Според обвинителката, Фатиме Фетаи, несразмерноста во инвестицијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на Бетон се смета како донација од компанијата, што партијата не смеела да ја прими со оглед на тоа што градежната фирма извршува јавни работи. Се работи за огромна сума од два милиони евра.

Се огласи и Груевски. Но, не од партиското седиште, туку од увид на изградбата на автопатот кон Штип, за кој е осомничен во другиот случај „Траекторија“. Според него, случаите покренати од страна на СЈО се темелат на невистини и манипулации и имаат за цел политички прогон за раководството на партијата и на Груевски.

„Денешната прес-конференција на СЈО само уште еднаш докажа дека целта на СЈО не е ниту правна разрешница ниту откривање на вистината, туку уништување на ВМРО-ДПМНЕ како партија како политички опоненет на нивната партија, партијата на СЈО-СДСМ. Обид да се разбие ВМРО-ДПМНЕ за да може СДСМ слободно во иднина да ги спроведува политиките за коишто се обврза пред своите партнери во владината коалиција и пред оние коишто ја поддржуваат, рече Груевски.

СЈО побара замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и на новата партиска зграда. 

Колку тежи ВМРО-ДПМНЕ?

Според истражувањата на медиумите, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ поседува 93 имотни листови во кои е запишана вкупна површина поголема од 33.000 метри квадратни, што ја први оваа партија една од најбогатите и најимотните партии во Европа. Вредноста на целиот нејзин имот се проценува на околу 60 милиони евра.

Законот за финансирање на политички партии предвидува дека партиите смеат да поседуваат само деловни простории. Доколку добијат на подарок или донација друг вид на недвижен имот должни се да го продадат на судска лицитација. 

Истрагата, како што најавија од СЈО, не запира со досегашните осомничени во „Талир“. Дали ќе има нови осомничени, ќе покажат доказите до кои ќе дојде тимот на Катица Јанева, но она што допрва треба да се истражува е од каде потекнува незаконскиот кеш кој потоа се пере преку партиските сметки и се инвестира во недвижен имот. 

Александар Николовски: Обвинувањата за Груевски се нереални, финансирањето на ВМРО ДПМНЕ е согласно законите

„Сите обвинувања кои се однесуваат за Никола Груевски немаат никаков допир со реалноста. ВМРО ДПМНЕ работи согласно македонските закони. Не гледам ништо спорно во финансирањето на ВМРО ДПМНЕ. Партијата се финансира исто како и другите македонски партии. СДСМ го напаѓа ВМРО ДПМНЕ употребувајќи го Специјалното јавно обвинителство. Никола Груевски има мандат и е избран на конгрес и во овој момент не гледам ниту една причина зошто би се случила промена на претседателското место. Груевски и во наредниот период ќе остане лидер на ВМРО ДПМНЕ“. 

Ова се само дел од поентите во интервјуто со  Александар Николовски, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ кое одеше на Фактор24 .

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден