Тешко вооружени полицајци го чекаат Борисов во Струмица
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017
Тешко вооружени полицајци се распоредени на улиците во Струмица во очекување на бугарскиот премиер Бојко Борисов . Наскоро треба да започне заседанието на првата заедничка седница меѓу Македонија и Бугарија.
Ова е прва заедничка седница за Владите на Заев и Борисов по потпишувањето на договорот за добрососедство и пријателство летово во август.
Според она што го дознава Фактор полиција го обезбедува целиот центар на градот од каде што потекнува премиерот Заев.
Не се дозволува движење со автомобили, а пешаците се замолуваат да го заобиколуваат домот на АРМ во градскиот парк.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов се очекува да пристигне со хеликоптер.