Тетовци загрижени за своето здравје - бараат чист воздух
Објавено во: Македонија 20 Август, 2017
Депонијата во Тетово каде вчера имаше пожар и денеска чадеше.
Граѓаните на Тетово денеска преку Фејсбук се организираа и излегоа на протест. Тие бараат итно решавање на проблемот со сметот во градот.
Дел од револтираните граѓани утрово истуриле смет пред зградата на општината Тетово. Тие фрлија кеси со смет и јајца пред општината.
Граѓаните се загрижени за своето здравје и велат дека ситуацијата е многу опасна.
Од Владата сметаат дека пожарот е подметнат.
Вчера градоначалничката Теута Арифи изјави дека се поднесени кривични пријави против можните сторители.
Црниот чад над Тетово е опасен и канцероген, тврдат од асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.