20 Април, 2024
0.0340

Тевдовски: Има доволно пари за исплата на плати и пензии

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска изјави дека на сметката на буџетот заклучно со 31 мај има 6,5 милиони евра, а на девизната сметка има 209 милиони евра, пари од еврообврзницата. 

Тевдовски  вели дека во буџетот има доволно пари за подмирување на тековните трошоци, исплата на плати и  пензии. 

Парите од еврообврзницата ќе се искористат за враќање на долговите до крајот на годината.

Тевдовски објасни дека секторот за буџет во Министерство за финансии веќе работи на подготовка за ребаланс на буџетот, кој е можно да се случи и порано од септември.

„Со ребалансот на буџетот сакаме да ги исчистиме неефикасните трошења, да видиме колку простор останува за да воведеме некои од мерките кои се предвидени со програмата на владата, како што е зголемување на минималната плата. Во јули веќе ќе треба да се почне и со проекциите за буџетот во 2018 година, во кој ќе бидат имплементирани најголем дел од економските мерки“- изјави Тевдовски.

За долгот на државата кон буџетските корисници, јавните претпријатија, јавни здравствени установи, институции и општини,  Тевдовски додаде дека до сите нив се испратени барања за да ги достават потребните податоци, за да се види колку точно изнесуваат доспеаните неплатени побарувања. Тој податок треба да го имаат на истекот од првите 100 дена од работењето на Владата.

Јавниот долг, според министерот за финансиии, изнесува повеќе од 50% од бруто-домашниот производ (БДП).

Прва поголема сума за враќање на кредит има во јануари од 90 милиони евра, но според Тевдовски, покритични се 2020 и 2021 година, кога треба да се враќа повеќе од една милијарда евра.

Во однос на даноците, ќе има зголемување на персоналниот данок, додека трошоците за придонеси на фирмите нема да се зголемат, а нема да има зголемување и на данокот на додадена вредност (ДДВ).

Тој кажа дека за една недела исплатиле поврат на ДДВ од две милијарди денари. Министерот додава дека со редовното враќање на овие средства ќе се раздвижи економијата. Тевдовски им порача на компаниите да размислуваат за инвестиции.

Тој најави осовременување и остручување на министерството со цел да стане една од најдобрите и најкредибилни институции во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ