28 Март, 2024
0.0267

Тевдовски најави поврзување на домашни и странски компании од автомобилската индустрија

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Транспарентниот и чесен пристап на Владата, како и приближувањето кон НАТО ќе донесе дополнителни странски инвестиции во земјава. Активно се работи на проект за поврзување на домашни и странски компании од автомобилската индустрија со што ќе се обезбеди повеќе работа и домашните фирми. Ова во интервју за Гласот на Америка го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски кој учествува на Годишните средби ММФ и Светска банка во Вашингтон. Тевдовски во интервјуто зборува и за проекциите за економски раст, за позицијата на Македонија како мала и отворена економија и за предизвиците кои ја очекуваат.

Тевдовски за последните најави на директорката на ММФ Лагард дека следи ново поглавје во светската економија, глобалниот раст се проценува на 3,6 отсто вели дека зрачат со оптимизам.

„Тоа е добро бидејќи изминативе години очекувањата беа попесимистички, се зборуваше за попроблематични сценарија. За Македонија ова е многу важно бидејќи ние сме мала и отворена економија, која е зависна од она што се случува надвор. На пример, 70 отсто од нашиот извоз оди во Европската Унија, 47% во Германија, така да тоа е важно за Македонија и значи дека Македонија ќе има шанси да го зголемува својот економски раст, ако случувањата на светско ниво се позитивини и добри“, посочува министерот.

И покрај сите најави на сите претходни македонски влади за странски инвестиции, тие отстуствуваат. Дали има начин да се забрзаат странските инвестиции, сега кога политичката криза е зад Македонија?

На ова прашање министерот одговори вака:

“Политичката криза, нестабилноста и неизвесноста секако дека влијаат на инвестициите. Нашиот пристап е да имаме транспарентен однос со инвеститорите, да поставиме чист терен за игра, инвеститорите ќе знаат точно со што се соочуваат. Нема да има никаков простор за работи на страна, корупција или слично. Тоа е добро и ќе донесе дополнителни странски инвестиции. Исто што е многу важно и што е наш приоритет е да работиме на поврзување на домашните компании со странските инвеститори, тоа сериозно отсуствуваше изминатите години. Во моментот преку проект на ИФЦ се работи на поврзување на домашните компаннии од автомобилската дејност со странски компании. Тоа е сериозен чекор напред кој ќе има мултипликативен ефект што кај нас во Македонија отсуствуваше. Секако дека кога се зборува за странски инвестиции, приближување кон НАТО, е најбитен сигнал за безбедноста на земјата. Мислам дека тоа е многу важно и дека ќе донесе дополнителни странски инвестиции“, посочи Тведовски.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“