28 Март, 2024
0.0445

Тевдовски најави ребаланс на буџетот - каде ќе има кратења?

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии, Драган Тевдовски најави ребаланс на буџетот. 

Сѐ уште не е утврден датумот за корекција на државната каса и вели дека во моментов во Министерството се прават проценки и анализи. Вели дека во тек се разговори со сите министерства и дека се прават напори да се скрати од тоа што значи комодитет на луѓето на власт.

„Се наоѓаме на крај на јуни и ќе направиме сѐ што е во наша надлежност да добиеме еден буџет кој што ќе биде прагматичен, имајќи ги во предвид и оние обврски кои се наталожени со години, а истовремено да дадеме можност на нашите реформски приоритети“- изјави Тевдовски.

Министерот  додаде дека согласно изгласаниот Буџет за 2017 година од претходната власт, има потреба од финансирање преку задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар. Тевдовски вели дека за издавање на еврообврзница не се размислува пред донесување на ребалансот на Буџетот.

„Ги оценуваме можностите и можеби ќе оцениме и еврообврзница да не издаваме. Така што ние ги гледаме кои се можностите од аспект на доброто на граѓаните односно да плаќаат пониски стапки“ - изјави Тевдовски. 

Потенцира дека ги разгледуваат можностите за задолжување на домашниот пазар. 

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон