25 Април, 2024
0.0271

Тевдовски за Блумберг: Со завршување на политичката криза, веќе гледаме одредено зголемување на економската активност

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Економскиот раст во Република Македонија, следната година може да биде повисок од 3%, откако со формирање на владата на премиерот Зоран Заев пред четири месеци се заврши двегодишната политичка криза што ги забавуваше инвестициите, објави Блумберг. 

Растот на бруто домашниот производ во 2018 ќе се зголеми од проценетите 2,2% за оваа година (најнизок економски резултат последниве пет години), придвижен од приватната потрошувачка и извоз, изјави 38-годишниот министер за финансии на Република Македонија, Драган Тевдовски, во одговор на прашања на Блумберг. 

„Владата планира да го намали буџетскиот дефицит за 2018 година под 2,9% од БДП, колку што изнесуваше оваа година, и постои можност да издаде меѓународна обврзница на глобалниот пазар“- рече тој.

Тевдовски за Блумберг вели дека со завршување на политичката криза, веќе гледаат одредено зголемување на економската активност,  која ќе се интензивира следната година. 

„Одлучни сме дефицитот следната година да биде незначително помал од оваа година, во согласност со нашата намера за постепена фискална консолидација. Што се однесува до 2018 година, издавање меѓународна обврзница е исто така опција, имајќи ги предвид поволните услови на меѓународниот пазар“- вели министерот. 

Заев формираше коалициона влада во јуни, со што се случи првата промена на владата по повеќе од една декада, која ветува заживување на напорите на земјата за прием во Европската Унија и во НАТО, откако скандалот со прислушувањето во 2015 година ја симна претходната влада, наведува Блумберг. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија