ТЕЖОК УДАР ВО ЛОНДОН: „Uber“ става катанец
Објавено во: Свет 22 Септември, 2017
Органот на локалната власт одговорен за транспорт на подрачјето на Лондон донел одлука да не ја обновува лиценцата за работа на компанијата Убер.
Претпријатието Транспорт за Лондон донело таква одлука, и покрај фактот дека во британската престолнина има околу 40 000 возачи на Убер.
Во соопштението се наведува дека таа одлука е донесена поради „недостиг на корпоративна одговорност во пристап и работата на Убер“.
Се додава и дека Убер има право на жалба во рок од 21 ден од донесувањето на одлуката, како и дека работата нема да биде спречена додека не се исцрпат сите правни можности на страната која е погодена од оваа одлука.