23 Април, 2024
0.0283

The Economist најавува трет кризен бран: Америка, Европа па земјите во развој

Објавено во: Анализа 26 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Прво Америка, потоа Европа. Должничката криза сега доаѓа до пазарите во развој, пишува британски „The Economist“.

Поминаа речиси 10 години откако пукна балонот на американскиот пазар на недвижнини. Поминаа шест години откако инсолвентноста на Грција предизвика европска должничка криза. Овие епизоди ги поврзува рапиден раст на долговите, после што следело пукање на балонот, пишува познатиот бизнис неделник во текстот насловен како „Приказна без крај“.

Третото продолжение на должничката хроника се разоткрива. Овој пат во земјите во развој. Инвеститорите веќе го намалија својот имот во тие земји, но многу агонии на забавување на растот допрва следат.

Должничката криза во сиромашните земји не е ништо ново. На некој начин оваа ќе биде помалку драматична од банкрот и удар на курсеви какви се забележани во текот на кризата 1980-1990-тите години. Денес повеќето земји во развој имаат флексибилни курсеви, поголеми резерви и помал дел на долгот во странски валути. И покрај тоа, забрзано ќе му наштети на растот на светската економија повеќе отколку што очекуваат луѓето.

Три групи земји на кои им се заканува криза

Колкави ќе бидат штетите ќе зависи и од локалните фактори, да речеме од тоа колку се прилагодиле на курсевите на валути, а во основа повеќето земји во развој може да се поделат во три групи, порачува The Economist.

Во првата група спаѓаат земји во кои после кредитен бум следи долг мамурлак, но не и инфаркт. Во таа група се Јужна Кореја, Сингапур, како и Кина. Тие земји имаат и понатаму силно оружје за заштита од одлив на капитал, како и голем вишок на тековни сметки. Властите во тие земји поседуваат средства за помагање на презадолжените и не покажуваат волја да дозволат нивен банкрот.

Но криењето на проблемот под тепих нема да им помогне премногу. Компаниите на кои им се заканува пропаѓање, ќе вршат притисок на билансите на банките, а притисок ќе врши и преголемиот капацитет во одредени сектори. Сето тоа ќе го забави растот на економијата, но не би требало да дојде до значајна криза пишува The Economist.

Во другата група спаѓаат различни земји кои немаат исти средтсва за поддршка на презадолжените компании и немаат силна одбрана од одлив на капитал а од поголемите економии тука спаѓаат Бразил и Турција, кои имаат дефицит на тековната сметка и големи долгови во странска валута.

Третата група, во која се меѓу останатите Индија, Аргентина и Русија, опфаќа земји во развој кои или ќе избегнат сериозни проблеми или веќе ги поминале.