19 Април, 2024
0.0278

ThyssenKrupp со револуционерно решение за лифтови кои се движат во повеќе насоки

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Светскиот лидер во производство на лифтови и ескалатори ThyssenKrupp, најави нови информации за нивниот безжичен систем “MULTI” кој го менува движењето на пронајдокот од 1853 година. Дозволувајќи истовремено хоризонтален и вертикален транспорт, овој иновативен проект има капацитет да воведе висок дизајн на градби преку елиминирање на архитектонските ограничувања, како што се вертикалната усогласеност и димензии на вратилото. ThyssenKrupp го претставија овој концепт во 2014 година, а сега објавија дека лифтот е инсталиран во објект за тестирање и наскоро ќе биде имплементиран во нови градби.


ThyssenKrupp со “MULTI” отстапува од стандардните шеми на лифтот, отфрлајќи ги каблите и фаворизирајќи ја линеарната мобилна технологија. Револуционерниот лифт нуди неколку кабини кои ротираат во круг, слично на циркулацијата на возилата во јавниот сообраќај. Користејќи систем на сопирачки на повеќе нивоа, безжични податоци и системи за управување со енергијата, овој систем драстично го намалува времето на чекање на корисникот и воедно е еколошки свесно, со помала тежина и побезбедно.

“Овој проект има капацитет да ја трансформира целата индустрија во целина, да го смени начинот на кој се дизајнираат високите згради и облакодери, и да овозможи многу поефикасни основни дизајни, како и подобро поврзување во објектите.” – вели Антони Вуд, извршен директор на Советот за високи згради и урбани живеалишта. 

Лифтот продолжува да се тестира во иновативната кула на ThyssenKrupp во Ротвеил, Германија. Во 246 метарската кула сместени се 12 врати кои им овозможуваат на инженерите да ја тестираат ефикасноста на лифтовите, од кои 3 се посебно посветени на MULTI системот.

Мултинационалната групација ThyssenKrupp е присутна на македонскиот пазар преку НОВАКО, ексклузивен дистрибутер за Македонија и членка на германската групација. Како што кажува и нивниот слоган “Elevator Experts”, основна дејност на НОВАКО е производство и продажба на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авио мостови, како и други транспортни и индустриски системи.

“Навистина ни е драго што сме дел од компанија која ги руши стереотипите и воведува нови стандарди со иновативни решенија и напредни технологии со кои правиме вистинска архитектонска и индустриска револуција. Повеќе од 8 години постоиме на македонскиот пазар и успеавме да се позиционираме како лидери во оваа област. Македонските компании го препознаваат квалитетот на ThyssenKrupp и светските трендови кои ги воведува на нашиот пазар. Токму заради тоа, наша основна мисија е континуирано ширење во регионот како и имплементација на новитетите од индустријата.” – изјави сопственикот на НОВАКО, г-дин Љупчо Грујовски.

Од ThyssenKrupp открија дека првата зграда во која ќе се имплементира овој систем, ќе биде East Tower, новиот објект на OVG Real Estate во Берлин. Лоцирана веднаш до Mercedes-Benz Арената, Источната кула се очекува да биде целосно завршена кон крајот на оваа година.


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ