20 Април, 2024
0.0321

ТИЕ ГО ЗНААТ ОНА ШТО НИЕ ГО ЗАБОРАВИВМЕ: Поради ова во Скандинавија добро се живее!

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Истражувањата за среќа спроведени пред неколку години покажале дека во Данска, Норвешка и Шведска живеат најсреќните луѓе. Скандинавците имаат правила до кои стриктно се придржуваат и токму поради тие правила тие се среќни секој ден.

Овие луѓе се придржуваат до овие 4 правила:

1. Скромни се и ги почитуваат другите луѓе

Во нордиските земји е познат законот на градот Јанте, според кој никој не смее да се истакнува:

-Немој да мислиш дека си нешто посебно,

-Немој да мислиш дека си најдобар на светот

-Немој да мислиш дека си најпаметен

-Немој да се убедуваш себе дека си подобар од другите

-Немој да мислиш дека знаеш повеќе од другите

-Не мисли дека си поважен од другите луѓе

-Немој да им се смееш на другите луѓе

-Не мисли декан а другите им е гајле за тебе

-Не мисли дека другите можеш да ги научиш на нешто

Иако многу Скандинавци со шегобиен тон зборуваат за овој закон, токму тој е задолжен за пријателско и разумно друштво.

Скромноста и почитувањето на другите високо се почитува. Овој закон спречува општеството да биде арогантно и заповедувачко.

2. Ја усогласуваат работата и семејниот живот

Скандинавците знаат колку е важно семејството. Многу канцеларии во Данска се затвораат во 16ч. Никој од нив не работи прекувремено. Во Шведска поедини компании донеле закон според кој работат шест часа дневно, а се со цел кон поголема продуктивност и среќа за работникот. Семејствата често одат во парк, се занимаваат со спорт, патуваат со своите деца и така одржуваат здрав однос дури и кога децата пораснат и се осамостојат.

3. Семејството се сака со срце

Во Данска постои еден прекрасен израз кој значи собирање на семејството и пријателите во домашна атмосфера- hygge.

Седење покрај оган во текот на студените ноќи со своите најмили, е нешто што сите со задоволство го практикуваат. Hygge значи поддршка, солидарност, удобност во кругот на најдрагите луѓе.

4. Реални очекувања

Мелани Рајдах во книгата "Happy as a Dane", ја опишува самата срж на среќните Скандинавци. Една од најголемите тајни на животот се реални оечкувања. Тоа не значи дека Скандинавците не сонуваат за постигнување на големи цели и дека не тежат кон нив. Семејството и пријателите им се основа за успех и поддршка.

Скандинавците се трудат да не се споредуваат со другите луѓе бидејќи тоа предизвикува незадоволство. Нивниот совет е:

Престанете да се споредувате со другите и уживајте во своите достигнувања, уживајте во тоа што го имате!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган