29 Март, 2017
0.4183
    29NO 300    -80%     ADIN 639    -8.71%     ALK 5704.29    0.07%     BESK 12000.42    7.15%     CEVI 867.37    0.27%     GRNT 678.78    -0.22%     KJUBI 1601    -2.97%     KMB 2800    -0.03%     MPT 27402    -0.36%     OHB 4916.67    0.34%     PKB 13299    12.7%     RMDEN15 96.4    1.47%     STB 898.33    0.5%     TNB 10900    0%     TPLF 893    -0.78%

Тие се најуспешни луѓе на светот иако немаат завршено факултет

Објавено во: Економија 18 Март, 2017

Дали формалното образование е доволно за успех и добро платена работа?Повеќето луѓе веруваат дека е така, но во пракса дипломата не е доволна. 

Ова се гледа од примерот на едни од најуспешните луѓе на светот кои немаат завршен факултет, а се богати. 

Добро е позната приказната дека милијардерот Бил Гејтс го напушил Харвард и не се вратил веќе, барем не како студент. 

Бившиот директор на американска компанија за компјутерска технологија, Лари Елисон напуштил дури два факултети. И покрај тоа, тој е еден од најбогатите луѓе на светот со богатство од  52,8 милијарди долари. Според Форбс, тој е петти најбогат човек на светот. 

„Мојата цел не беше да станам богат, туку да создадам работна околина во која можам да уживам“ - изјавил Елисон во едно интервју за American History.

Стив Џобс, долгодишен предводник и еден од основачите на Apple има само диплома за завршено средно образование која ја добил во 1972 година. 

Од понатамошно образование се откажал затоа што неговите родители не можеле да му овозможат да оди на колеџ. 

Поминаа 6 години од неговата смрт, но за неговиот успех уште се зборува. 

Кога почина во 2011 година остави богатство од 11 милијарди долари. 

Ричард Бренсон, основачот на брендот Virgin, во својата мрежа има над 400 претпријатија, а според Форбс има 5 милијарди долари. 

Тој не завршил ниту средно училиште, се откажал на 16 години, но тоа не го спречило да стигне таму каде што е денес. Бренсон се залага за образование и смета дека образованието може многу да помогне во поттик на претприемачите. 

Можеби ќе ве интересира

Со Усје нема утка, продажбата порасна до 70 милиони евра, добивката е 20 милиони евра!

Со Усје нема утка, продажбата порасна до 70 милиони евра, добивката е 20 милиони евра!

НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ФАЛСИФИКУВА: Нова кована фунта за Британците пред Брегзит

НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ФАЛСИФИКУВА: Нова кована фунта за Британците пред Брегзит

Нафтата поскапе, проблеми има на нафтените полиња во Либија

Нафтата поскапе, проблеми има на нафтените полиња во Либија

Ќе се одбележи Глобалната недела на парите во Македонија

Ќе се одбележи Глобалната недела на парите во Македонија

Специјалци ќе ги спасуваат палмите?!

Специјалци ќе ги спасуваат палмите?!

Најголемата руска банка ја напушта Украина

Најголемата руска банка ја напушта Украина

ИДЕАЛНА РАБОТА: Уживајте во луксузот и се ќе ви биде платено

ИДЕАЛНА РАБОТА: Уживајте во луксузот и се ќе ви биде платено

НОВ ДОЛГ: Владата се задолжи повеќе од планираното

НОВ ДОЛГ: Владата се задолжи повеќе од планираното

Деловните банки со можност за прекугранични плаќања во евра за своите клиенти преку системот ТАРГЕТ2

Деловните банки со можност за прекугранични плаќања во евра за своите клиенти преку системот ТАРГЕТ2