19 Април, 2024
0.0306

Тилерсон го повика Роуани да ја разбие „терористичката мрежа“ во Иран

Објавено во: Свет 21 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Американскиот државен секретар,  Рекс Тилерсон вчера го повика реизбраниот ирански претседател Хасан Роуани да ја разбие „терористичката мрежа“ во неговата земја. 

Тој бара и да го прекине тестирањето на балистичките проектили, во првата американска реакција по штотуку завршените ирански претседателски избори.

САД и сунитските арапски монархии во Персискиот залив го обвинуваат Иран дека ги поддржува „терористичките групи“ и дека ги поттикнува судирите на Блискиот Исток. Се работи за шиитските заедници и милиции во регионот, кои се противници на сунитите.

„Се надевам дека Роухани ќе го прекине финансирањето на иранската терористичка мрежа и ќе ги уништи нејзините капацитети, логистика и сето она што придонесува за јакнењето на дестабилизациските сили во блискоисточниот регион“- изјави Тилерсон.

Тој ја даде оваа изјава на прес-конференција во Ријад која ја одржа заедно со саудискиот колега Абдел ал-Џубеир во текот на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Саудиска Арабија.

САД деновиве ја објавија одлуката дека продолжат со политиката на укинувањето на санкциите против Иран. Тоа е во рамките на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма од јули 2015 година. Но, американското Министерство за финансии истовремено објави дека воведува нови санкции против иранските челници во врска со програмата за балистички проектили.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените