Тим на ФБИ ја верификува автентичноста на „бомбите“
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
Екипа на американското Биро за федерални истраги во Скопје работи на утврдување на автентичноста на прислушуваните материјали, дознава неофицијално ТВ 21. Според извори на медиумот, специјализирана екипа добила мандат од надлежните кои ги повикале за да го дадат нивното стручно мислење.
Амбасадата на САД за ТВ 21 ниту потврдува, ниту демантира и истакнува дека ФБИ соработува со надлежните органи во Македонија вклучувајќи го СЈО.
Работата на експертите од ФБИ не се очекува да се објави во скоро време.