20 Април, 2024
0.0281

Тимоние: Доколку остане статус кво во политичката криза, цената за Македонија би била висока

Објавено во: Македонија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Aмбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние во интервју за МИА вели дека за излез од политичката криза потребно е општиот интерес да дојде во преден план кај политичките партии, тогаш може да се најде компромис. 

Според него, доколку остане статус кво во политичката криза, цената за Македонија би била висока, бидејќи, вели, колку повеќе се губи овде време на патот кон Европа поради големиот број технички реформи коишто треба да се спроведат толку ќе биде подолго да се надомести загубеното време, а тоа е, вели од суштинско значење.

Македонците секогаш успевале да излезат од вакви екстремни состојби и тоа со мудрост затоа што имаат умешност на заедничко живеење кое претставува вистински ресурс, додава тој. 

Уверен е дека постои капацитет за постигнување компромис и за деблокирање на демократските процеси во земјата.

„Македонија има демократија веќе 25 години, но исто така и секојдневна култура на компромис којшто им овозможи на различните заедници да живеат заедно со векови и да го создадат она што значи денес македонска реалност. Така што не гледам зошто тој капацитет на компромис не би можел да се искористи и сега ако постои добра волја, а не само посебни лични интереси. Не знам зошто сето тоа искуство да не се искористи сега за да се најдат компромиси коишто ќе може да функционираат“ - изјави Тимоние.

Продолжението на политичката криза Тимоние оценува дека ќе се одрази и на условената препорака за почеток на преговорите до ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра