24 Април, 2024
0.0264

Тимоние на средба со Шеќеринска: Вратите на НАТО се отворени

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Унапредувањето на одбранбената соработката меѓу Македонија и Франција е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста на Балканот и пошироко, беше потенцирано денеска на средба помеѓу министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Франција Кристиан Тимоние, во Министерството за одбрана.

Шеќеринска рече дека реформите кои ќе ги спроведат во областа на одбраната се важен влог за побрзо интегрирање на земјата во НАТО, но и во ЕУ. 

„Ќе работиме да создадеме амбиент на доверба и подобра регионална соработка. Резултатите кои ќе ги постигнеме ќе ја зацврстат поддршката на земјите членки за влез на Македонија во НАТО. Со членството на Република Македонија во НАТО ќе се зацврсне стабилноста и безбедноста на целиот регион“ - изјави Шекеринска.

Тимоние додаде  дека вратите на НАТО се отворени и дека неговата земја е заинтересирана соработката со Македонија да се унапреди. Се разговараше и за можноста за унапредување на соработката меѓу Македонија и Франција во однос на модернизацијата на АРМ.

На денешната средба присуствуваше и новото одбранбено аташе на Република Франција во Република Македонија, Жан Марк Лавали на кого министерката Шекеринска му посака добредојде и му посака успешна соработка и продлабочување на истата во периодот што следи. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП