23 Јануари, 2018
0.7608

Тимови на ДЕА и ФБИ ќе го засилат Хојт Ји во Скопје!?

Објавено во: Анализа 28 Декември, 2017

Повторно на површина излегуваат информации дека Брајан Хојт Ји ќе биде нов амбасадор на САД во Македонија иако за ваквата одлука се уште е рано бидејќи најпрво тој треба да биде номиниран, да биде одобрен и предложен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, а потоа да биде сослушан и од американскиот Конгрес пред да биде избран за прв дипломат во американската амбасада во Скопје.

Сепак, можноста за таков потег на Стејт Департментот не се исклучува, а и самиот дипломат Брајан Хојт Ји никогаш директно не ја демантираше оваа информација која први ја објавија Ал Џезира Балканс.

Освен, провејување на информацијата дека Хојт Ји ќе биде нов амбасадор на САД, се појавија и информации дека во амбасадата на Кале пристигнуваат тимови на ДЕА федералната агенција за борба против дрогата и ФБИ која е федерална агенција за истраги. 

Со вакво засилено присуство на безбедносни тимови идниот американски амбасадор ќе има на располагање моќна машинерија преку која најпрво ќе ги реализира интересите на САД не само во Македонија, туку поопшто во поширокиот балкански период, особено што една струја од Стејт Департментот се обидува да ја издигне агендата за опасност од руска страна на што е можно повисоко ниво. 

Токму тука доаѓа до колизија со блискиот круг на луѓе околу Доналд Трамп во Белата куќа кои не секогаш имаа идеално испеглани односи со државниот секретар Рекс Тилерсон, па дури имаше и спинови дека тој ќе биде отпуштен бидејќи на приватна средба го опцул и навредил претседателот на САД поради несогласените ставови и пречки.

Дури и предвремената објава дека Хојт Ји е главен кандидат да го наследи Џес Бејли на кого наскоро му завршува мандатот може да се протолкува како руски обид да биде спречен неговиот избор бидејќи се покажа како еден од најдиректните американски дипломати во дифузирање на кризата во Македонија, особено по давањето на мандатот на претседателот Иванов на Зоран Заев кој подоцна и формираше влада.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Со жалење пренесени националистичките протести во Грција и прогласот на предавници

Со жалење пренесени националистичките протести во Грција и прогласот на предавници

Како Владата ќе ја оцени „петката“ на Нимиц?

Како Владата ќе ја оцени „петката“ на Нимиц?

Владата ќе ја оценува „Рамката“ на Нимиц

Владата ќе ја оценува „Рамката“ на Нимиц

Што чека ВМРО-ДПМНЕ за да се вклучи во консензус за името?

Што чека ВМРО-ДПМНЕ за да се вклучи во консензус за името?

Нимиц со терминот „Македонија“ за решението ги побесна грчките десничари

Нимиц со терминот „Македонија“ за решението ги побесна грчките десничари