Тинејџер прободел другар со нож на курс по англиски
Објавено во: Македонија 24 Март, 2017
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од с.Бојане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
На 10.овој месец околу 13.00 часот пријавениот, додека седел во училницата по англиски јазик, од непознати причини од јакната извадил нож и го повредил неговиот другар во пределот на левата нога, нанесувајќи му телесна повреда.