24 Април, 2024
0.0385

Тинејџери летово низ Кисела Вода и Аеродром краделе автомобили од подземни гаражи

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Двајца тинејџери се стекнале со противправна имотна корист од околу 126.500 денари во мај и јуни летово „оперирајќи“ автомобили на територијата на скопска Кисела Вода и Аеродром.

Поради ова СВР до ОЈО поднело Писмено известување за А.В. (19) од Кавадарци и Р.М. (17) од Скопје .

Тинејџерите се сомничат за сторени 59 кривични дела, од кои 16 се кривични дела „тешка кражба“, 42 се кривични дела „тешкa кражбa во обид“ во моторни возила и едно е кривично дело „одземање на моторно возило“, и против Е.Х. (24) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „прикривање“.

Во соопштението на МВР во однос на деталите пишува:

„Од 01.40 часот на 30.05.2017 до 04.00 часот на 31.05.2017 година на ул. „Антон Попов“ во општина Кисела Вода,  А.В. и Р.М. извршиле 19 кривични дела( пет тешки кражби, 13 тешки кражби во обид и едно одземање на моторно возило). Тие, преку влезна врата од зграда, влегле во подземна гаража и со шрафцигер и употреба на физичка сила направиле отвори на стаклата од возилата кои биле паркирани. Преку отворите влегле во внатрешноста на возилата, одзеле пари, алати, радио, далечински управувачи за излез од гаража и други предмети. Тие пронашле и резервен клуч од патничко возило „Алфа 147“ и со него ги изнеле сите предмети и побегнале. Подоцна, со истото возило, А.В. на ул. „Емил Зола“ предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во повеќе паркирани возила, по што двајцата го напуштиле возилото.

Од 23.00 часот на 09.06.2017 до 07.00 часот на 17.06.2017 година на подрачјето на општина Аеродром пријавените извршиле 40 кривични дела (10 тешки кражби,  29 тешки кражби во обид во моторни возила и една тешка кражба на велосипед).  А.В. и Р.М. со шрафцигер ги отворале влезните врати од влезовите и подземните гаражи од зградите и со истиот алат направиле отвори  на стаклата од возилата кои биле паркирани. Преку отворите влегле и одзеле предмети, по што го напуштиле местото. На 17.06.2017 година, на булевар „Видое Смилевски Бато“, кога се подготвувале да извршат други кривични дела, тие биле забележани од страна на граѓанин, по што побегнале. А.В. и Р.М., во два наврати, дел од украдените предмети ги продале на Е.Х., кој и покрај тоа што знаел дека предметите потекнуваат од кривични дела, ги препродал на трети лица за повисока сума“. 

Со извршување на овие кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 126.500 денари. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП