Тинејџери со денови малтретирале и запалиле бездомник
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2018
Tинејџери на возраст од 13 и 17 години се главни осомничени во убиство на бездомник Маронакец кој жив е запален во близина на Верона, на северот на земјата, пренесува АП.
Тие прво планирале да се пошегуваат со бездомникот.
АП наведува дека 64 годишниот Ахмед Фдил е жив запален во автомобил на 13 декември во градот Зевио, јужно од Верона.
Очевидецот Џино Капо кажал за државната телевизија РАИ дека не успеал да го извлече мажот од запалениот автомобил.
Се наведува дека децата го малтретирале Фдил со денови пред да го запалат, вклучувајќи и тоа што фрлале петарди на него.