Тлото повторно се тресе во Италија, граѓаните загрижени
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2016
Италија се уште е во состојба на паника по серијата на силни земјотреси кои во претходно во Аматриче однесоа и голем број на животи. Сега се регистрирани нови послаби земјотреси во централниот дел на Италија и на брегот на Сицилија со јачина од 3.6 и 3.2 степени.
Јавноста се уште се созема од силните земјотреси кои удрија во средата кога дојде до поголеми материјални штети во руралните области околу Рим и централан Италија и повреди во паниката на граѓани, но за среќа без човечки жртви.